И Европската унија ги стави на пауза царините за САД

 


Европската унија одлучи да ги паузира своите контрамерки на американските царини на 90 дена за да отвори простор за преговори.

Вчера само неколку часа пред американскиот претседател, Доналд Трамп, да објави дека ќе го одложи воведувањето на тарифите, 26 од 27 земји-членки на ЕУ, сите освен Унгарија, гласаа за воведување контрамерки.

Претходно денеска, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја поздрави најавата на Трамп за пауза во примената на реципрочните царини.

„Јасните и предвидливи услови се клучни за функционирањето на трговијата и синџирите на снабдување“, напиша Фон дер Лејен на социјалната мрежа „Икс“.

Таа додаде дека царините се даноци што само им штетат на фирмите и на потрошувачите. „Затоа постојано се залагав за договор за царини нула за нула меѓу Европската Унија и Соединетите Американски Држави“, посочи таа.

Вчера, Трамп најави целосен прекин на царините, со исклучок на Кина, чии царини ќе бидат зголемени од 104 на 125 отсто.

10.04.2025 - 14:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега