Close Menu
Press24
    Најново

    Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен

    29.10.2026 во 22:29

    Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее

    29.10.2026 во 22:20

    Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени

    29.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Бројот на жртвите од железничката несреќа во Шпанија се искачи на 74, истрагата ги утврдува причините
    • Ја бранел ќерка си од бившиот партнер, па завршил избоден – хорор во соседството
    • Почина легендарниот актер Патрик Стјуарт
    • 22-годишник уапсен во близина на Милано под сомнение за тероризам: Под истрага е планирање напади врз синагога и џамија
    • „Никој да не го заборави тоа“: Путин ја предупредува Европа на опасно сценарио
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хуманитарен пикник за вработените на „Алкалоид“: Донирани околу 1,8 милиони денари за црвен крст наменети за лицата во третата доба

    Хуманитарен пикник за вработените на „Алкалоид“: Донирани околу 1,8 милиони денари за црвен крст наменети за лицата во третата доба

    27.09.2025 во 16:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поттикнати од вредностите кои ја обликуваат корпоративната култура на „Алкалоид“, преточени
    во хуманост, солидарност и во грижа за заедницата, над 4.000 вработени, членови на нивните
    семејства и пријатели на компанијата ја продолжија хуманата мисија, која единаесетти пат се
    спроведува под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.



    Хуманоста е силата што ги подигнува луѓето, оваа година визуализирана преку симболиката на
    балон со топол воздух, илустриран на специјално дизајнираните маички за овој повод, преку кои
    вработените на „Алкалоид“, членовите на нивните семејства и/или нивните пријатели собраа околу 1,8 милиони денари, кои ќе му бидат донирани на Црвен крст на Град Скопје, а ќе се наменат за поддршка на социјалните сервиси за стари лица.



    „Постарите лица, чија мудрост и животно искуство заслужуваат почит, внимание и поддршка, се
    вреден дел од општеството. Со нашата помош на активностите и иницијативите на Црвен крст на
    Град Скопје насочени кон социјалните сервиси за лицата во третата доба, веруваме дека заедно
    можеме да создадеме услови староста да биде период исполнет со достоинство, сигурност и
    човечка топлина. Хуманоста е силата што ги подигнува луѓето, а токму затоа преку оваа поддршка сакаме да им помогнеме на постарите лица да се издигнат над предизвиците и да имаат поисполнет и поквалитетен живот“, истакна Живко Мукаетов, Генерален директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ и Претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.



    Секретарот на Црвен крст на Град Скопје (ЦКГС) Сузана Тунева-Пауновска истакна: „Една од
    мисиите на ЦКГС е да им помогне на лицата во третата доба да имаат достоинствена и безбедна
    старост. Нивните предизвици се големи – осаменост, намалена мобилност или финансиски
    тешкотии – но затоа сме тука ние. Преку домашните посети, уредот Итно копче, санитетскиот
    транспорт и преку дневните центри за активно стареење им овозможуваме поддршка, сигурност и соодветна грижа. Но, оваа наша мисија не би можела да се реализира без силни и посветени
    партнери. Со ’Алкалоид’ знаеме дека не сме сами – нивната поддршка ни овозможува да
    продолжиме со поголема храброст и енергија и да реализираме повеќе активности, акции и
    иницијативи. Заедно можеме повеќе!“.



    Во насока на вредностите кои ја обликуваат корпоративната култура на „Алкалоид“, преточени во хуманост, солидарност и грижа за заедницата, компанијата има воспоставено долгогодишно
    хуманитарно партнерство со Црвен крст, поддржувајќи ја оваа хуманитарна организација како во делот на социјално-хуманитарната дејност и справувањето со кризи и катастрофи така и на полето на крводарителството.



    Првиот хуманитарен пикник на „Алкалоид“ под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ е
    одржан на 3 септември 2011 година.

    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.