Хрватска испраќа канадер за да и помогне на Македонија во справувањето со пожарите

Министерството за одбрана на Хрватска испраќа авион Канадер со два екипажи во земјава на помош, за да обезбеди хуманитарна помош во гаснењето на пожарите.

„Авион Canadair CL-415 со два екипажи се испраќа во Северна Македонија по наредба на вицепремиерот и министер за одбрана Иван Анушиќ“, се вели во соопштеието на министерството во Загреб, пренесе „Индекс“.

Во Македонија владее кризна состојба поради зголемена појава на пожари. Помош вчера испрати Турција, а се очекува денес да пристигне помошта и од Словенија, Србија и Црна Гора.

16.07.2024 - 09:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега