Денеска во Скопје беше отворена конференцијата на Асоцијацијата на алумни на Националната академија на ФБИ (FBINAA), во организација на Министерството за внатрешни работи, во партнерство со Федералното биро за истраги на САД (FBI) и Канцеларијата на аташе на ФБИ при Амбасадата на САД во Софија.

На настанот присуствуваше и директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, кој преку објава на Фејсбук го сподели своето задоволство од учеството и значењето на конференцијата.

„Конференцијата претставува одлична можност за продлабочување на соработката и размена на искуства меѓу професионалците од областа на безбедноста, како и потврда за нашата заедничка заложба во справувањето со современите безбедносни предизвици“, напиша Христовски.

Тој додаде дека особено му е драго што бил дел од настанот кој ги обединува професионалците со иста цел – градење на побезбедна иднина.

Конференцијата има за цел зајакнување на регионалната и меѓународната безбедносна соработка, со посебен фокус на борбата против транснационалниот криминал, тероризмот и сајбер заканите.

Leave A Reply

Exit mobile version