Вчера околу 16:00 часот во СВР Скопје, Л.П.(50) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром, кога се вратила во нејзиниот стан забележала дека вратата од станот била насилно отворена и оштетена, но не можела да влезе затоа што била блокирана со столица, известија од МВР.

Откако успеала да ја тргне столицата, влегла внатре и забележала едно лице, кое ја нападнало со тврд предмет и побегнало. После тоа, таа забележала дека од станот биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР. 

Exit mobile version