Вчера во 20:15 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Е.Ш.(22) од с.Мала Речица, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“ по член 251-б од Кривичниот законик.

Тој се сомничи дека со компјутерска измама, без да плаќа, одреден период користел паркинг услуга во Тетово.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

Exit mobile version