Неготинка синоќа во полиција пријавила физички напад од поранешниот сопруг, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.  

-Синоќа во 18:30 часот, во ОВР Неготино, 36-годишна неготинчанка пријави дека во нејзиниот дом насилно влегол нејзиниот поранешен сопруг и физички ја нападнал. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР Велес.

Exit mobile version