Хорор во Бон: Отсечена човечка глава е пронајдена пред зградата на судот, а малку подалеку торзо

 

Отсечена човечка глава била пронајдена вчера пред зградата на судот во западниот германски град Бон.

Случајни минувачи во раните вечерни часови ја алармирале полицијата и пријавиле дека дел од тело се наоѓа пред влезот на судот, изјави портпаролот на полицијата.

„Набргу потоа, дознавме дека се работи за човечка глава“, рече тој.

Торзо за кое се верува дека е од истото тело е пронајдено во близина на брегот на реката Рајна, недалеку од историската царинска зграда Алтер Зол.

Местата каде што се пронајдени деловите од телото биле оддалечени околу еден километар, јавуваат тамошните медиуми.

Во близина бил приведен еден осомничен. Полицијата соопшти дека 38-годишен маж кој се поврзува со настанот им е познат поради претходна употреба на наркотици.

Се верува дека и осомничениот сторител и неидентификуваната жртва се бездомници, соопшти полицијата.

До вторникот вечерта не било пронајдено оружје. Инспекторите се уште трагаат по сведоци, пишуваат медиумите.

29.06.2022 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега