Вчера во 18:26 часот на крстосницата од улиците „Партизанска“ и „Север Југ“ патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М. (49) од Битола, налетало на пешакот Ѓ.Х. (45) и неговиот миленик, соопшти СВР Битола.
Пешакот веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Во трагичниот настан, кучето било усмртено на лице место.
Увидна екипа од СВР Битола извршила увид на местото на несреќата за да ги утврди причините кои довеле до неа.
Актуелно
- Сиљановска-Давкова на средба со шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан: Економската соработка во прв план
- СДСМ: Македонија ја тресе огромен картелски скандал
- Полицијата пуштена на најако: Санкционирани над 100 возачи поради несоодветно затемнети стакла
- Возете внимателно – на овие патни правци моментално вее снег
- Мицкоски на средба со УПОЗ: На маса потпишување на колективниот договор и новата формула за плати
- Ќе нема струја до 13:30 – ЕВН најави исклучувања во неколку општини
- Денеска обилни врнежи од дожд, од недела вистински пресврт
- Полицијата пронајде дрога кај малолетници од Скопје

