Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хорор го потресе светот: Ученик уби двајца вработени во училиште, рането и 11-годишно девојче

    Хорор го потресе светот: Ученик уби двајца вработени во училиште, рането и 11-годишно девојче

    06.05.2026 во 10:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ново пукање во училиште го потресе Бразил, откако 13-годишен ученик застрела двајца вработени и рани уште две лица во училиштето „Сао Хозе“ во Рио Бранко. Меѓу повредените е и 11-годишно девојче кое е рането во ногата.

    Локалните власти соопштија дека напаѓачот е уапсен веднаш по нападот, а приведен е и неговиот очув бидејќи пиштолот бил во негова сопственост.

    Полицискиот службеник Фелипе Русо појасни дека момчето влегло во зградата и испукало неколку куршуми во ходникот кон канцеларијата на директорот. По нападот, тој самиот се предал на полицијата.

    „Полицијата идентификувала други ученици кои можеби соработувале со напаѓачот“, додаде Русо во изјавата за новинарите.

    Сведоци на настанот ја опишуваат паниката меѓу учениците кои се обидувале да се спасат бегајќи преку високи ѕидови. Едуардо Родригес Кавалканте, вработен во соседниот хотел, вели дека сцените биле застрашувачки.

    „Ѕидот е висок шест метри и само едно лице успеало да се искачи на него и да се засолни тука во хотелот. Другите останале на покривот на училиштето обидувајќи се да избегаат“, рече 19-годишниот рецепционер, додавајќи дека слушнал „истрели и многу врескање“.

    Државната влада изрази најдлабоко сочувство до семејствата и образовниот персонал, најавувајќи тридневен прекин на наставата во сите училишта. Мобилизирани се и тимови за психолошка поддршка за настраданите во овој крвав инцидент.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.