Холандија воведува безбедносни проверки на научници и студенти поради страв од шпионажа

 

Холандската Влада планира да воведе нови безбедносни проверки на научници и студенти кои работат со чувствителна технологија за да ги спречи странските сили да дојдат до научни сознанија од витално значење за безбедноста на земјата, пренесуваат денеска холандските медиуми.

Според предложениот закон, околу 8.000 холандски и странски државјани годишно ќе подлежат на задолжителни безбедносни проверки пред да им биде дозволено да работат на високо ризични истражувања, пишува „НЛ Тајмс“.

Предлог-законот што вчера во Парламентот го поднесе министерот за образование Епо Бруинс, предвидува во процесот на проверка да учествуваат безбедносните служби.

08.04.2025 - 15:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега