Холандија влезе во нова политичка ера со именувањето на 38-годишниот Роб Јетен за нов премиер. Јетен, кој е лидер на партијата Демократи 66 (D66), стана најмладиот во историјата на оваа функција и воедно првиот отворено геј премиер на земјата. Неговата малцинска централно-десничарска влада веќе ја положи свечената заклетва.

Новиот премиер најави дека неговиот кабинет ќе се фокусира на реформи, но и на построги политики за миграцијата, што веќе предизвика низа реакции во холандската јавност.

„Горд сум што го правиме ова заедно. Во нова фаза, со голема одговорност и, пред сè, со заедничко ветување да работиме за сите во Холандија. Со тоа што нема да се задржуваме на она што не е во ред, туку со градење на она што може да се подобри. Ова бара храброст и соработка. Да се ​​фатиме за работа“, порача Јетен преку социјалните мрежи.

Иако неговата влада е малцинска и ќе мора да преговара за секоја поголема одлука во парламентот, Јетен важи за политичар со голем потенцијал кој кариерата ја градеше како министер за клима во владата на Марк Руте.

Exit mobile version