Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонија се создаваше низ лелеци и крици, не низ аплаузи: Премиерот со силни пораки за Денот на Македонската борба
    • Скопјанка оштетена за 2.000 евра: Се претставил како катастарец и ѝ ветил приватизација на државно земјиште
    • Полициска акција ширум Скопје и околината: Приведени повеќе лица поради поседување дрога
    • Доделени државните награди „23 Октомври“: Јолевски, Стојков и Лилчиќ Адамс се годинешните лауреати
    • Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови
    • Мицкоски: Откако сум премиер сите говорат за желбите, а никој за планините што ги носам
    • Франција пред нов бран протести како во короната: Воведени полициски час и забрани за собири, затворен музејот Лувр
    • 15-годишно дете се бори за живот на скопските клиники: Во болница го донеле без знаци на живот, но лекарите успешно го реанимирале
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хартиените сметки за вода и комуналии заминуваат во историјата: УЈП ги подготвува општините за е-Фактура

    Хартиените сметки за вода и комуналии заминуваат во историјата: УЈП ги подготвува општините за е-Фактура

    11.08.2026 во 16:11Updated:11.08.2026 во 16:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Хартиените сметки за вода, комунални и други јавни услуги постепено ќе се префрлаат во електронскиот систем за фактурирање. Управата за јавни приходи (УЈП) веќе ги вклучува општините и јавните претпријатија во пилот-фазата на проектот „е-Фактура“.

    Еден од главните тестови во оваа фаза е да се провери како системот ќе се справи со стотици илјади сметки што секој месец се испраќаат до граѓаните.

    На обуката организирана од УЈП и ЗЕЛС учествувале 80 претставници од општините и јавните претпријатија, при што се разгледувале практичните и техничките проблеми што треба да се решат пред целосното воведување на платформата.

    Клучно прашање е како комуналните претпријатија ќе испраќаат масовен број фактури до домаќинствата и дали нивните информатички системи можат автоматски да се поврзат со УЈП преку API или ќе се користи бесплатната веб-апликација.

    Во моментов се тестира целиот процес – од креирање и испраќање, до примање, проверка, прифаќање, одбивање и сторнирање на фактурите. Проектот веќе влезе во третата фаза, а во структурираното тестирање учествуваат околу 200 компании.

    Најголемата промена за граѓаните ќе настане кога јавните комунални претпријатија целосно ќе се интегрираат, со што сметките ќе се издаваат и обработуваат електронски наместо на хартија.

    Од УЈП напоменуваат дека хартиените сметки нема веднаш да се укинат. Од општините и јавните претпријатија е побарано што поскоро да се вклучат во пилот-фазата за навремено да се отстранат сите технички и административни пречки.

    Прочитај повеќе

    Македонија се создаваше низ лелеци и крици, не низ аплаузи: Премиерот со силни пораки за Денот на Македонската борба

    23.10.2026 во 13:34

    Скопјанка оштетена за 2.000 евра: Се претставил како катастарец и ѝ ветил приватизација на државно земјиште

    23.10.2026 во 13:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.