Close Menu
Press24
    Најново

    Скокна цената на нафтата

    30.10.2026 во 21:23

    Сали во Даблин: Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на средбата со Томас Бирн

    30.10.2026 во 21:19

    Го собориле на под, а кога го отвориле багажникот останале во шок – српската полиција во акција

    30.10.2026 во 20:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скокна цената на нафтата
    • Сали во Даблин: Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на средбата со Томас Бирн
    • Го собориле на под, а кога го отвориле багажникот останале во шок – српската полиција во акција
    • Целосен хаос во Варшава – Полскиот претседател итно се враќа од патување поради вонредна состојба
    • Трагедија во Велс: Избодена жена починала откако со автомобил тргнала кон болница поради доцнење на брзата помош
    • Русија повеќе нема да биде безбедна дури ни далеку од фронтот – Зеленски најави напади врз нови цели
    • Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси
    • Го избодел соседот во градниот кош, хорор го потресе регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хаос во Грција: Паѓа обилен снег – училиштата затворени

    Хаос во Грција: Паѓа обилен снег – училиштата затворени

    12.01.2026 во 18:232 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Силниот поларни бран што ја зафати Грција предизвика целосен сообраќаен прекин на дел од најголемите грчки острови. Според последните информации, состојбата е најкритична на Крит, Лимнос и Лезбос, каде обилните врнежи од снег буквално ги парализираа патиштата. Локалните власти воведоа целосна забрана за движење на возила без зимска опрема, а на многу места сообраќајот е во тотален прекин поради огромните наноси.

    Ниту Халкидики не беше поштеден – снежната покривка ги изненади туристите и локалното население, а северните ветрови кои дуваат со голема засиленост дополнително ја отежнуваат работата на комуналните служби кои се обидуваат да ги оспособат главните патни правци.

    Поради екстремните временски услови и обилниот снег, грчките министерства донесоа одлука за итно затворање на училиштата во повеќе региони на земјата. Наставата во многу области, вклучително и на островите во Егејското Море и делови од полуостровот Халкидики, е откажана за физичко присуство.

    • Затворени училишта: Крит, Лимнос, Лезбос, Хиос, Спорадите и Евбеја.

      Таму каде што дозволуваат условите и нема прекини во снабдувањето со електрична енергија, учениците се префрлени на настава од далечина.

      Властите апелираат граѓаните да не излегуваат без итна потреба, бидејќи температурите во текот на ноќта се очекува дополнително да паднат под нулата.

    Студениот бран, кој се очекува да трае до среда, ги мобилизираше сите расположливи сили на цивилната заштита, додека жителите на островите се соочуваат со несекојдневна глетка на снег на самите плажи.

    Прочитај повеќе

    Го собориле на под, а кога го отвориле багажникот останале во шок – српската полиција во акција

    30.10.2026 во 20:55

    Го избодел соседот во градниот кош, хорор го потресе регионот

    30.10.2026 во 19:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.