Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хаос на протестите во Тирана: Повредени полицајци и новинари

    Хаос на протестите во Тирана: Повредени полицајци и новинари

    10.02.2026 во 20:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Учесниците по вечерашниот протест на албанската опозиција предизвикаа хаос, прво пред Владата, каде тој се одржуваше, а потоа и пред Парламентот.

    По обраќањето на демократскиот лидер, Сали Бериша, почнаа со насилно однесување, обидувајќи се да го пробијат полицискиот кордон, оштетија дел од металната ограда, фрлаа молотови коктели, протехнички средства, кон владиниот објект.

    Многу потензична ситуацијата беше пред Парламентот. Од запаливите средства фрлани кон Парламентот има повредени десеттина полицајци, медиумски работници и неколку учесници во протестот.

    Полицијата постојано ги повикуваше демонстрантите да престанат и да се оддалечат, па мораше да  користи водни топови и солзавец.

    Во обраќањето Бериша ги искажа веќе опознатите обвинувања за премиерот Еди Рама, нарекувајќи го „Рамадуро, најголемиот крадец на албанскиот народ“.

    -Се собравме во најкритичниот момент за Албанија во последните 30 години. Цел свет знае дека изборите на 11 мај беа манипулација, затоа мора да ја добиеме битката за слободни избори и отстранување од власта на најголемата закана – дикатаурата на Рамадуро, идентична со онаа на Сталин и Енвер Хоџа. Албанија не е приватна сопственост, туку аманет. Сега е моментот да кажеме доста на оние кои украдоа милијарди евра, да ставиме крај на депопулацијата на младите. За време на неговото владеење тој од земјата истера над милион млади. Затоа војната продолжува до последната битка, порача Бериша.

    Тој се задржа и на барањето на обвинителството во Хаг кое побара по 45 години затвор за лидерите на ОВК, оценувајќи дека „тие се невини и оти таму треба да одат српскот претседател Александар Вучиќ и неговиот слуга Еди Рама“.

    Генералниот секретар на ДП и координатор на пратеничката група, Фљамур Нока порача дека ќе продолжат со протести, се до заминување на актуелната влада и спроведување слободни избори. 

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија

    18.09.2026 во 23:59

    Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград

    18.09.2026 во 23:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.