Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово се одвива без поголеми проблеми и по суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија.
Поради зголемената фреквенција на возила, засилен е сообраќајот на патните правци надвор од градските средини.
Најголеми задржувања има на граничните премини Табановце и Богородица, каде возачите кои ја напуштаат земјава чекаат околу еден час.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината кон условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат внимателни при управувањето.
Дополнително внимание се препорачува на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде постои опасност од одрони. Посебно се издвојуваат патните правци Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.


