Бутел добива нов голем зелен простор на површина од 50.000 квадратни метри, на локација долж булеварот Христијан Тодоровски-Карпош.
-Мега парк од 50.000 м² во Бутел – од запуштен простор до ново зелено срце на општината!
Она што со години беше депонија и симбол на негрижа, денес го претвораме во огромен, модерен и функционален мега парк на површина од 50.000 квадратни метри.
Со Дарко Костовски дадовме збор дека ова место повеќе нема да биде заборавено.
Денес, покажуваме што значи кога има визија, волја и вистинска грижа за градот.
Долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ интензивно се гради новата зелена приказна на Бутел.
Првиот дел, на површина од 8.000 м², е речиси целосно завршен и опфаќа богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки, фитнес зони и содржини за сите генерации.
Простор за децата, за младите, семејствата и пензионерите.
Простор за секој граѓанин.
Паралелно се работи и на вториот, значително поголем дел од паркот, на површина од 42.000 м², кој целосно ќе биде хортикултурно и содржински уреден.
Целиот комплекс ќе располага и со сопствен систем за наводнување со техничка вода, со што обезбедуваме долгорочно и одржливо одржување на зеленилото.
Повеќе зеленило значи почист воздух, помалку урбана жештина, поздрава животна средина и поквалитетен живот.
Затоа, секое ново дрво, секоја нова зелена површина и секој нов парк се инвестиција во здравјето и иднината на Скопје.
Вложуваме рамномерно, во секоја општина и во секое маало, затоа што секој граѓанин заслужува чист, уреден и достоинствен простор за живот.
Бутел добива ново зелено срце.
Скопје добива уште едно место за гордост.
Скопје го правиме заедно!, напиша скопскиот градоначалник на Фејсбук.


