Close Menu
Press24
    Најново

    Гутереш: Решението со две држави е единствениот одржлив пат кон мирот на Блискиот Исток

    29.11.2026 во 15:47

    МВР: 16 возачи приведени за едно деноноќие, петмина биле малолетници

    29.11.2026 во 15:24

    ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

    29.11.2026 во 14:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гутереш: Решението со две држави е единствениот одржлив пат кон мирот на Блискиот Исток
    • МВР: 16 возачи приведени за едно деноноќие, петмина биле малолетници
    • ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар
    • Филипче: Хаос во Клиничката болница Штип Ова е сликата на македонското здравство со Мицкоски и Клековски
    • Илјадници денари во чад: Просечен пушач во Македонија троши 57.600 денари годишно на цигари
    • Три случаи во Скопје: Истакнувани знамиња на „Голема Албанија“, МВР најави поднесоци
    • По ноќешниот голем украински напад врз Русија, Москва тврди дека соборила повеќе од 1.000 дронови
    • Јанчев: Механизацијата го расчистува патот кон Бошавијата и горните села
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гутереш: Решението со две држави е единствениот одржлив пат кон мирот на Блискиот Исток

    Гутереш: Решението со две држави е единствениот одржлив пат кон мирот на Блискиот Исток

    29.11.2026 во 15:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска повторно повика на решение со две држави на Блискиот Исток, пренесе ДПА.

    „Единствениот одржлив пат кон мирот на Блискиот Исток е решението со две држави, при што Израел и Палестина ќе живеат еден до друг во мир и безбедност“, напиша Гутереш на платформата Икс.

    Неговите коментари доаѓаат во време кога ОН го одбележуваат Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ, пренесува германската агенција.

    „Палестинскиот народ има право на достоинство, правда и самоопределување“, напиша Гутереш.

    ОН „нема да отстапат од својата посветеност кон единствениот одржлив пат напред: решението со две држави, со две независни, суверени, демократски држави – Израел и Палестина – кои живеат една до друга во мир и безбедност“, изјави тој.

    Во меѓувреме, според извештаите на израелските медиуми, еден Палестинец загинал во текот на ноќта во Мадама, на Западниот Брег, откако биле фрлани камења кон израелската војска. При тој судир бил ранет и еден офицер на израелските одбранбени сили (ИДФ).

    Ситуацијата на Западниот Брег значително се влоши по нападите врз Израел предводени од Хамас на 7 октомври 2023 година, како и по војната во Газа што следеше потоа.

    Според палестинското Министерство за здравство, оттогаш се убиени повеќе од 1.100 Палестинци во израелски воени операции, вооружени судири и напади.

    Исто така, значително е зголемено насилството од страна на радикални израелски доселеници врз Палестинците и нивниот имот, потсерува ДПА

    Прочитај повеќе

    По ноќешниот голем украински напад врз Русија, Москва тврди дека соборила повеќе од 1.000 дронови

    29.11.2026 во 14:07

    Грција под метеоролошка тревога: Обилни дождови, грмежи и опасни ветрови

    29.11.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.