Груевски доби седум години затвор, а остана и без имот

Кривичниот суд денеска му го конфискуваше целиот имот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски за предметот „Плацеви на Водно“, откако претходно му беше изречена и седум-годишна затворска казна.

 

На Груевски веќе му беше замрзнат имотот, а Судот реши да ги заплени плацевите кои ги купил Сергеј Самсоненко и фирмата „Лајв кеар“, иако знаеле дека се стекнати со пари од кривично дело.

Ќе се конфискуваат и станови кои не биле на име на Груевски, но за кои од судењето се дозна дека се негови и се наоѓаат до тие на мајка му.

Груевски останува и без трите луксузни апартмани во „Панорама резиденс“, како и два плацеви за викендици.

21.04.2022 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега