Груби: Првиот премиер Албанец, заедно со албанската опозиција ќе ги избераме по 15 јули
Првиот премиер Албанец , заедно со албанската опозиција ќе ги избераме по 15 јули – изјави претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби во емисијата Клик Плус. Тој додаде дека сите албански партии ја поддржуваат идејата за премиер Албанец, но сакат кандидат од нивните партии.
Тој додаде дека предлогот нема да биде лик од ниту една партија, ниту од ДУИ, туку личност избран и поддржан од албанската опозиција.
„Новиот премиер Албанец, ние велиме да го избираме заедно со албанската опозиција по 15 јули. Тие самите велат дека ќе не поддржат. Сите се за премиер Албанец, само велат не од ДУИ, туку ја прифаќаат идејата но сакаат премиерот да биде од нивната политичка партија. Ние велиме ниту ние, ниту вие, и всушност ќе излеземе со кандидат кој ќе ги обедини сите“, кажа Груби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа