Груби: ДУИ ќе биде партијата која ќе одлучи кој ќе формира Влада
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе освојат приближен број гласови, а за тоа кој ќе формира влада одлучувачки ќе бидат оние на ДУИ, рече Артан Груби вечерва во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21.
Потеницра дека и во овој изборен циклус, ДУИ ќе биде партијата која ќе одлучи кој ќе формира Влада.
ДУИ и СДСМ изминатите три години се заедно во коалиција и формираа Влада, откако на изборите победи ВМРО-ДПМНЕ, но не успеа да формира Влада.
На изборите во 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ со Никола Груевски освоија 61 пратеничко место, СДСМ со Зоран Заев 49 места и ДУИ со Али Ахмети 19 места, Беса со Касами 5 места, АА со Зијадин Села 3, ДПА со Тачи 2 места.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа