Close Menu
Press24
    Најново

    Турчинка приведена на скопски аеродром

    10.07.2026 во 17:45

    Никнува нов парк во Карпош

    10.07.2026 во 17:28

    Мицкоски: Опозицијата нема единствен став за барањата за Изборниот законик

    10.07.2026 во 17:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Турчинка приведена на скопски аеродром
    • Никнува нов парк во Карпош
    • Мицкоски: Опозицијата нема единствен став за барањата за Изборниот законик
    • Крадел додека бил на викенд отсуство од затвор, па го вратиле зад решетки
    • Во акцијата во Драч приведен осомничениот за убиството на офицерот на АРМ во скопско Батинци
    • Ќе се испитува безбедноста на игралиштето во Гостивар каде што 14-годишно девојче почина по пад од лулашка
    • Во студентски дом само до 30 години
    • Мицкоски: Парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ се зголемува на 59 пратеници, се приклучи и ДПТМ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Грин Машинс ќе го придружува Иџе на европските патеки – брендот станува спонзор на најтрофејниот македонски автомобилист

    Грин Машинс ќе го придружува Иџе на европските патеки – брендот станува спонзор на најтрофејниот македонски автомобилист

    14.06.2026 во 10:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Компанијата Грин Машинс, бренд на БРАКО и еден од водечките светски производители на возила за урбана хигиена, воспостави соработка со најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, чии тркачки автомобили отсега ќе го носат логото на македонскиот бренд на европските патеки.

    „За нас претставува чест да бидеме дел од приказната на Игор Стефановски – Иџе. Станува збор за спортист кој со своите резултати, професионален однос и упорност со години е еден од најдобрите промотори на Македонија во странство. Во исто време, Грин Машинс преку своите електрични и водородни свипери е присутен на речиси сите континенти. Веруваме дека ваквите успешни македонски приказни заслужуваат меѓусебна поддршка и заедничка промоција на нашата земја на меѓународната сцена“, велат од Грин Машинс.

    Свиперите, односно специјализираните возила за урбана хигиена што ги произведува БРАКО се препознатливи на светските пазар, а преку ова партнерство, брендот ќе биде присутен и на европските тркачки патеки, каде што Иџе со години успешно ги брани боите на Македонија и остварува врвни резултати во конкуренција на најдобрите европски автомобилисти.

    Соработката претставува симболично поврзување на две успешни македонски приказни – едната од производствените капацитети на БРАКО, а другата од европските тркачки патеки – кои преку своите достигнувања придонесуваат за афирмација на Македонија надвор од нејзините граници.

    Прочитај повеќе

    Турчинка приведена на скопски аеродром

    10.07.2026 во 17:45

    Никнува нов парк во Карпош

    10.07.2026 во 17:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.