Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Грција воведува паричен поттик за рибарите: За секој килограм уловена риба „зајачка усна“ ќе се плаќаат по 5,33 евра

    Грција воведува паричен поттик за рибарите: За секој килограм уловена риба „зајачка усна“ ќе се плаќаат по 5,33 евра

    26.06.2026 во 10:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Грчката влада воведува финансиски поттик за рибарите кои ќе ја ловат инвазивната риба лагоцефалос, позната и како „зајачка усна“, во обид да го намали нејзиното ширење и да го заштити морскиот екосистем. За секој уловен килограм од оваа риба ќе се исплаќа субвенција од 5,33 евра.

    Мерката ја најави министерот за рурален развој и храна, Маргаритис Схинас, по состанокот со претставници на рибарските организации, нагласувајќи дека грчкото рибарство се соочува со сериозни предизвици, меѓу кои се инвазивните морски видови, нелегалниот риболов и нелојалната конкуренција.

    Според Министерството, оваа субвенција е дел од поширок пакет мерки за реструктурирање на секторот. Освен поддршка за трошоците за гориво, по примерот на мерките за земјоделците, ќе започне и пилот-програма за контрола на ширењето на лагоцефалос, која најпрво ќе се реализира во Јужниот Егеј.

    Властите оценуваат дека исплатата ќе им обезбеди дополнителен приход на рибарите, но и ќе придонесе за намалување на бројноста на овој инвазивен вид, кој предизвикува значителна штета врз морскиот свет.

    Лагоцефалос во последните години сè почесто се појавува во плитките крајбрежни води, вклучително и на популарни туристички плажи. Иако ретко напаѓа луѓе, оваа риба има исклучително силен загриз кој може да предизвика сериозни повреди.

    Дополнителен ризик претставува и фактот што содржи тетродотоксин – моќен невротоксин кој се наоѓа во неколку делови од нејзиното тело и може да биде смртоносен доколку се консумира.

    Покрај опасноста за луѓето, лагоцефалос создава проблеми и за рибарите бидејќи ги оштетува рибарските мрежи и влијае врз уловот на автохтоните видови.

    Министерот Схинас најави дека Владата ќе продолжи со соработка со рибарските здруженија, научната заедница и Министерството за животна средина за изработка на долгорочна стратегија за справување со инвазивните видови и за зајакнување на грчкото рибарство.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.