Грција се соочува со високи температури
Песочните облаци, кои веќе се појавија минатата недела во Грција, но и во други европски земји, во Швајцарија и на југот на Франција, на многумина им го отежнаа дишењето.
По жешкиот викенд, попладнево во Атина се очекуваат 26 степени, објави веб-страницата на јавниот телевизиски канал „ЕРТ“.
Термометрите денеска треба да покажат температура од дури 30 степени, а 31 степен се очекуваат на југот на Пелопонез и на островот Евбеја, во близина на Атина.
Најчувствителните луѓе „треба да избегнуваат вежби на отворено, како и напорна физичка работа“, изјави претседателката на Сојузот на пулмолозите на Грција, Стаматула Цикрикас за државната телевизија „ЕРТ“.
Овој феномен се појави минатата недела и Атина беше зафатена од густи облаци од прашина и песок од пустината Сахара и Северна Африка, пренесува „Бет“.
Синдикатот на пулмолозите на Грција минатата недела објасни дека „африканската прашина носи честички кои можат да се интегрираат со полен, бактерии и габи, создавајќи многу токсична и опасна мешавина за човечкото тело, особено за респираторниот систем“.
Професорот по пулмологија Тодорис Василакопулос рече дека секој што страда од астма, алергии или други респираторни проблеми треба да биде внимателен.
Тој препорача најранливите категории на население да носат маски и очила за сонце.
И во Солун маглата предизвика доцнење на неколку авиони, јавуваат локалните медиуми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа