Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел
    • СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон
    • Утре е голем празник: Мала Богородица – овие се обичаите
    • ССМ: За да се преживее потребни се 70.000 денари месечно
    • Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името
    • Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?
    • Животот станува сè поскап: Еве колку изнесува синдикалната кошница за септември
    • Младо момче ќе одговара кривично – полицијата го фати со марихуана
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Грчки министер: Секој месец имаме околу 450 пријави за насилство врз жени

    Грчки министер: Секој месец имаме околу 450 пријави за насилство врз жени

    25.11.2025 во 18:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Секој месец имаме околу 450 пријави за насилство врз жени, една од три жени која пријавува насилство, во својот мобилен телефон ја инсталира специјалната апликација „Panic Button“, а годишно имаме околу 5.000 инсталирани вакви апликации, посочи министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис во интервјуто за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина.

    По повод Меѓународниот ден против насилството врз жените, Хрисохоидис се осврна на податоците од полицијата, рече дека има зголемување на пријавите, зголемување на обвиненијата и зголемување на бројот на уапсени и притворени.

    Посочи дека минатата година имале 18.500 предмети и уапсени 11.300 насилници, додека пак оваа година бројот е поголем, 19.500 предмети и 12.150 уапсени, оценувајќи дека 2025 година може да заврши со 20.000 случаи.

    – Она што ме загрижува, но во исто време ме прави и оптимист, е дека од една страна се зголемуваат случаите, но всушност се зголемува бројот на пријавите. Односно, таму каде што целата оваа тема беше потоната во молк и вина, сега веќе излегува на површина, нагласи Хрисохоидис.

    Пред повеќе од две и пол години беше воведена апликацијата „Panic Button“ на грчката полиција за помош на жени жртви на семејно насилство, а станува збор за специјална, тајна апликација за мобилните телефони што не дозволува трети лица кои можеби имаат пристап до уредот на жртвата да ја откријат апликацијата.

    Жените жртви на семејно насилство, откако ќе ја инсталираат апликацијата на нивните мобилни телефони, со притискање на едно копче, можат итно и безбедно да ја известат полицијата доколку се во опасност.

    Апликацијата мора претходно да биде инсталирана и активирана во полициска станица и ги содржи сите податоци на жртвата на семејно насилство.

    – Често се активира „Panic Button“, а оваа година имаме зголемување на неговата употреба за 12 отсто, рече надлежниот грчки министер.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.