Грчката врховна судијка не спие мирно: И фрлиле бомба молотов пред домот

Бомба молотов била фрлена пред домот на претседателката на Врховниот суд на Грција, при што бил повреден полицаец и пренесен во болница со повреди на лицето и раката, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентот се случил во населба во северниот дел на Атина, кусо еден часот по полноќ, а било запалено патролно возило на полицијата, при што интервенирала противпожарната служба со осум пожарникари и две возила.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис го осуди нападот и истакна дека „демократијата и нејзините столбови, како што се судството и неговите функционери, не се заплашуваат“, посочувајќи дека апсолутен приоритет е итното апсење на сторителите.

27.06.2024 - 09:50
Фото: 
Илустрација

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега