Граѓаните на Пехчево и Берово го почувствуваа земјотресот од Бугарија

 

Земјотресот од 4,6 степени што попладнево го погоди Пловдив, Бугарија беше почувствуван од граѓаните на Пехчево и Берово.

Сеизмолошката лабораторија објави дека потресот во источниот дел од Македонија бил почувствуван со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Потресот се случи во 14 часот и 26 минути на 280 километри источно од Скопје, Република Бугарија.

Бугарските медиуми претходно јавија дека земјотресот бил со јачина од 4,9 степени според Рихтер и траел околу 15 секунди. Бил регистриран на длабочина од 2 километра.

07.06.2023 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега