Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Граѓаните ќе ги видат опремата и возилата – Армијата ќе ги претстави способностите во Штип

    Граѓаните ќе ги видат опремата и возилата – Армијата ќе ги претстави способностите во Штип

    28.05.2026 во 08:161 Min Read
    Армија на Република Северна Македонија
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Армијата на Република Северна Македонија денеска на градскиот стадион во Штип ќе организира презентација на воена опрема, возила и способности на армиските единици, со цел граѓаните одблиску да се запознаат со нивната работа и подготвеност.

    Настанот се одржува по успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки беше извршено оценување на борбената готовност на Лесната пешадиска баталјонска група.

    Според најавите од Армијата, посетителите ќе имаат можност да разгледаат дел од вооружувањето, воената опрема и возилата, како и да проследат повеќе показни вежби и демонстрации.

    Предвидени се алпинистичка вежба на Извидувачко-разузнавачкиот баталјон, демонстрација со службени кучиња, приказ на боречки вештини од Баталјонот на специјални сили, егзерцир на Баталјонот за почести, како и презентација на медицинска опрема и техники за укажување прва помош од Военомедицинскиот центар.

    На настанот ќе присуствува претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

    Во рамки на презентацијата ќе настапи и Воениот оркестар на Армијата, а граѓаните ќе можат да се информираат и за можностите што ги нуди Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.