Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Градоначалникот на Гази Баба со честитка: Премиерот и ВМРО-ДПМНЕ ја имаат поддршката од народот

    Градоначалникот на Гази Баба со честитка: Премиерот и ВМРО-ДПМНЕ ја имаат поддршката од народот

    19.10.2026 во 09:281 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ со убедлива победа во Брвеница! Ова на социјалната мрежа Фејсбук го напиша градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

    -Честитки до Стојанчо и до народот во Брвеница‼️ Се потврди уште еднаш дека премиерот и ВМРО-ДПМНЕ ја имаат поддршката на граѓаните!, напиша тој.

    За потсетување, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, Стојанчо Радичевски, освои најмногу гласови на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, покажуваат обработените податоци од сите 24 избирачки места.

    Според објавените резултати, Радичевски освоил 2.943 гласови, односно 38,90 отсто од вкупниот број гласачи кои го оствариле своето право на глас.

    Втор по бројот на освоени гласови е Аркин Јахиј од Националната алијанса за интеграција (НАИ) со 2.152 гласа (28,45%), а по него следува Јакуп Хусеини од Коалицијата ВЛЕН со 1.528 гласа (20,20%).

    Кандидатот на СДСМ и Коалицијата за предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница 2026, Јовица Радески, освои 706 гласови (9,33%).

    Кандидатите од групи избирачи, Душан Богдановски и Арифе Идризи, освоија 55 гласови (0,73%) односно 21 глас (0,28%).

    Од вкупно 16.256 запишани избирачи, на овие избори гласале 7.565 граѓани, при што се обработени сите 16.247 избирачи на 24-те избирачки места.

    Just In Picks Top News Влада Мицкоски
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.