Бети Стаменковска Трајковска, градоначалничката на скопската општина Кисела Вода, преку објава на Фејсбук ги повика граѓаните да се вклучат во еко-акцијата и заеднички да придонесат за почиста животна средина, порачувајќи: „Заедно да оставиме пример, не ѓубре!“
Големата акција за чистење на Скопје продолжува денеска од 10 часот, со учество на илјадници волонтери во сите скопски општини. Акцијата ќе опфати повеќе од 50 локации, каде што ќе се чистат паркови, улици, пешачки патеки, јавни површини и простори меѓу станбените згради.
Во акцијата ќе учествуваат општините и нивните градоначалници, ученици, волонтери и граѓани од различни генерации и професии. Целта е да се подобри состојбата со чистотата на јавните простори и да се поттикне поголема одговорност кон животната средина.
Претходно и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, повика на еко-акцијата.

