Градоначалничката до Меџити и Ганиу: Кажете колку пари земавте од дивоградбите - не се глупирајте

Изет изјавил дека ќе сум ја дестабилизирала државата.
Изет, единствена дестабилизација од мене ќе добиете ти и твојот измеќар Висар што ти ги потпишувал незаконските дивоградби за кои луѓе ви платиле милиони евра, а сте ги лажеле дека ќе можат да ги легализираат.
Не се глупирајте, ви ја знаеме играта, ви ги знаеме лагите, знаеме кога се обидувате да манипулирате со јавноста и да ја дефокусирате, пишува на ФБ градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
„Како тоа секогаш кога некој ќе ви чепне во криминалот тоа е „обид за дестабилизација“?
Каква е таа матрица на ВМРО-ДПМНЕ и измеќарите од ВЛЕН?
Секогаш кога се во тесно, кога флагрантно се фатени со „рачињата во медот“, тоа било обид за дестабилизација.
Каква дестабилизација? Што ќе се дестабилизира?
Ќе ви кажам јас што. Единствено нешто што ќе се дестабилизира од откривањето на криминалот со дивоградбите во Чаир е вашата комоција и прилив на нелегални пари. Тоа ќе биде дестабилизирано.
Кажете колку пари земавте за нелегалните објекти, не се глупирајте“, стои во објавата на градоначалничката.
29.05.2025 - 20:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа