Град Скопје набавува две специјални возила за превоз на лица во количка

Град Скопје склучи договор за набавка на две специјализирани возила адаптирани за организиран превоз со потешка инвалидност кои се движат со помош на инвалидска количка.

 

Вкупната вредност на двете возила со ДДВ е 5,6 милиони денари или 91 илјади евра.

 

Според техничката спецификација, возилото ќе има странична лизгачка врата, но и автоматско управуван лифт за влез на лица со потешка инвалидност во задниот дел од возилото, а возилата имаат гаранција од две години.

24.03.2023 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега