Град Скопје до граѓаните: Платете си ги даноците бидејќи се отпочнува со присилна наплата

 

Град Скопје ги известува сите даночни и таксени обврзници дека за оние лица кои не ги подмириле своите обврски за комунална такса фирмарина за 2021, 2022 и 2023 година, како и за должниците за данок на имот, се отпочнува со присилна наплата и забрана на користење средства.

Сите даночни и таксени обврзници кои немаат платено данок на имот и комунална такса – фирмарина за изминатите години неопходно е неодложно и веднаш да ги подмират своите обврски. 

Граѓаните по добивањето на решенијата доколку забележат неправилности, истите треба да ги пријават на сајтот на Град Скопје (е-даноци), или преку одделот за пријавување на проблеми (http://gragjani.skopje.gov.mk/korisnik/), како и преку телефонските контакти:
За данок на имот: 072/204-434, 02 3297-316, 02 3297-539, 02 3297-280 и
02 3207-546.
За комунална такса-фирмарина: 02 3297-314. 

За присилна наплата: 02 3297-296  и 02 3297-298.

Одговорни лица:
За даночно сметководство:
Biljana.Manakoska@skopje.gov.mk
За данок на имот:
 Anita.Nakov@skopje.gov.mk, anitan@skopje.gov.mk
За комунална такса – фирмарина
Angelina.Gievska@skopje.gov.mk, стои во соопштението на Град Скопје.

09.10.2024 - 12:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега