Малопродажните цени на нафтените деривати од полноќ се зголемија во просек за 2,62 отсто во однос на претходната одлука, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Најголемо зголемување има кај дизел горивото, чија цена се зголемува за 3,50 денари по литар и изнесува 101,50 денари.

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 1,50 денари по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 93,00 денари/литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по цена од 95,00 денари/литар.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 2,00 денари по литар и неговата нова цена е 100,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,850 ден/кг и изнесува 45,576 денари за килограм.

Од РКЕ информираат дека зголемувањето се должи на повисоките референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар, каде бензините забележале раст во просек за 3,795%, дизелот за 4,842%, екстра лесното масло за 3,958% и мазутот за 6,467%. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,5340%.

Новите цени се веќе на сила.

Exit mobile version