Семејната драма во која е вмешана Индира Арадиновиќ Инди и нејзината сестра Едита не престанува да го привлекува вниманието на јавноста. Инди шокираше со објава дека „ја изгубила мајка си и сестра си“. Нејзините најнови објави на Инстаграм јасно навестуваат дека пораките се упатени токму до нејзините најблиски.
Пејачката најпрво објави цитат во кој се осврна на нарушените односи, истакнувајќи дека „невозможно е да се поправи односот со некого кој верува дека главниот проблем е вашата реакција, а не неговото однесување“, а набрзо следуваше и ново стори во кое порача:
„Пушти, нека си одат. Нека остане само она што има срце, а не само лице. Убаво е кога имаш со кого, но уште поубаво е кога знаеш со кого никогаш повеќе нема да бидеш.“
Да потсетиме, Инди откри дека и претходно имала несогласувања со Едита, а ситуацијата кулминирала откако Едита објавила фотографија со другарка, која ја нарекла „друга тетка“.
– Имаме период од раѓањето, па до постпородилниот период, па до… Да, ќе ги следиме сите периоди на Едита, а мене кој ме… Да. Слободно одете кај Едита на стори. По нашата прва, прекрасна и најнормална фотографија со бебето, таа побрза да објави за мене целосно непозната личност, која денеска првпат ја сретнав на улица. Ми ја претстави како своја другарка, полудругарка, не знам, и рече: „Ни дојде нова тетка“. Според мене, не знам дека Зоиа има уште една тетка, освен тетките кои се сестри на Едита, вистински сестри, а јас сум единствената тетка. Мислам дека од Едита заслужив барем почит, ако ништо друго – рекла Инди, па додала:
– Денеска не ја добив, па повеќе нема ни таа да го добива моето внимание. Жал ми е што нема да го гледам бебето, бидејќи воедно нема да ја гледам ни мајката, а бебето е поврзано со мајката. Така што, од денеска Едита е мртва за мене. Бебето не е, но што се однесува до мене, не ја носам улогата на тетка. Таа титула не ја симнувам од себе, туку Едита повеќе не ја носи, бидејќи се исмеваш со мене на Инстаграм и повеќе ѝ служев како реклама, забава и претставување пред публиката. Од денеска тоа нема да го правам. Не сум ничија кукла во циркус за некој да си игра со моите емоции, мојот живот, а особено со моите чувства кон бебето, кои ги имам, а особено со чувствата кон неа како сестра, што таа не можеше да го разбере. Видов дека се однесуваше многу лошо.
Инаку, и претходно Инди и Едита без во центарот на вниманието кога пред неколку години од нив се појави снимка како се тепаат во дворот од семејната куќа.


