Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од нив, 12 пожари се целосно изгаснати, додека еден е ставен под контрола. Активни пожари во моментов нема.
Пожарот кај селото Белица и локалитетот Јасен сè уште гори, но е под контрола. Огнената стихија има зафатено нискостеблеста и мешана шума.

