Голотија во живо на РТС: Додека докторката зборувала за вакцините, медицинската сестра се соблекла пред камерата

Во текот на преносот на Дневникот во живо на српската телевизија РТС, во кој гостувала директорката на болничкиот центар „Бежанијска коса“, Марија Здравковиќ, нејзината колешка не знаејќи дека камерата снима, ја соблекла својата кошула.

Имено, додека докторката зборувала за значењето на вакцинацијата и коронавирусот, зад неа една медицинска сестра ја соблекла својата униформа, без да претпоставува дека камерата ќе ја сними.

Во програмата во живо гледачите имале прилика да го видат бујното деколте на медицинската сестра која очигледно не сфатила дека Србија ја гледа. Видеото со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи, а коментарите започнале да се нижат:

„А јас го зголемувам тонот да слушнам за што зборува...“, „Ваше право да видите сè“, „Убаво се раскомоти“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Погледнете го видеото:

02.09.2021 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега