Над 1.000 уапсени лица, повеќе од 2.000 идентификувани жртви и стотици нови отворени истраги е билансот од мега-оперативната акција „Global Chain“ насочена против трговија со луѓе, проституција, шверц на деца и трудова експлоатација, која удри силно и на територијата на Македонија.

Конфликтот со меѓународните криминални мрежи се одвиваше под чадорот на Европската мултидисциплинарна платформа (EMPACT). Во Македонија беше воспоставен Заеднички координативен центар во МВР каде претставници од 40 држави разменуваа информации во реално време преку заштитениот канал на Европол за да ги лоцираат организираните групи од висок интерес.

Како директна последица од овие засилени контроли на национално ниво, откриени се три кривични дела за фалсификување исправи и дури 49 прекршоци. Меѓу прекршителите лоцирани на наша територија се 42 странски државјани, меѓу кои 17 од Албанија, 16 од Турција, тројца од Србија, по двајца од Индија и Велика Британија и по еден од Косово и Бугарија. Најчестиот грев им бил престој спротивно на наведената цел во земјава.

Дополнително, на терен е детектиран и шокантен случај на нелегално посвојување, а покрената е и посебна истрага поврзана со трговија со луѓе преку присилно питачење.

„Во рамки на Европската мултидисциплинарна платформа за закани од криминал (EMPACT)… во периодот 8-13.6.2026 беа спроведени заеднички акциски денови. Оперативната акција Global Chain, во која учествуваат вкупно 59 држави… предводена од Австрија… На национално ниво беа откриени три кривични дела „фалсификување исправа“, 49 прекршоци… Идентификуван е и случај на нелегално посвојување и покрената е истрага поврзана со трговија со луѓе преку присилно питачење. Вкупно пак, во сите држави учеснички… уапсени се 1024 уапсени лица… идентификувани се 2.070 жртви“, соопштуваат официјално од МВР.

Exit mobile version