Мерки на претпазливост за тројцата осомничени за напад врз 14-годишно момче во скопската населба Ченто кое беше тепано и избодено дури седум пати со нож.

Јавното обвинителство соопшти дека, според првичните сознанија, на 22 јуни осомничените учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го удирале со тупаници и клоци и му нанеле расекотини со нож по телото.

-Предложените мерки вклучуваат – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница, забрана за посетување на местото каде се случил кривично-правниот настан, забрана за приближување или воспоставување какви било контакти со оштетеното дете и со неговите родители. Во меѓувреме, продолжуваат да се вршат вештачења на пронајдени траги и се преземаат други дејствија за прибирање докази, велат од Основно јавно обвинителство Скопје.

Exit mobile version