Close Menu
Press24
    Најново

    Голем успех во „8-ми Септември“: По долгогодишна пауза се врати неврохирургијата, веќе се извршени две тешки операции

    11.02.2026 во 16:40

    Андоновски: Нема да има забрана за социјалните мрежи за децата, тоа е радикален потег

    11.02.2026 во 16:27

    ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

    11.02.2026 во 16:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Голем успех во „8-ми Септември“: По долгогодишна пауза се врати неврохирургијата, веќе се извршени две тешки операции
    • Андоновски: Нема да има забрана за социјалните мрежи за децата, тоа е радикален потег
    • ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат
    • Виница: Падна осумчлена група за бесправна сеча, вмешани и вработени во „Национални шуми“
    • И ова е можно: Тетовчанец изнајмил возило од рент а кар па го продал
    • ССМ утре ќе ја блокира Стопанската комора
    • Уште едно шокантно сведочење за „Онкологија“: Пациенти лекувани без биопсија, терапии давани и еден ден пред смртта
    • Филмски грабеж во Центар: Чуварот „оперирал“ цел месец, украл кабли вредни 200.000 евра од подземниот булевар
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Голем успех во „8-ми Септември“: По долгогодишна пауза се врати неврохирургијата, веќе се извршени две тешки операции

    Голем успех во „8-ми Септември“: По долгогодишна пауза се врати неврохирургијата, веќе се извршени две тешки операции

    11.02.2026 во 16:40
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    По повеќе години пауза, во Градската општа болница „8-ми Септември“ повторно се обновува неврохируршката служба. Во рамки на обновената работа, денеска се успешно оперирани двајца пациенти со тежок деформитет на ’рбетниот столб и стеноза на спиналниот канал –  соопшти ГОБ „8-ми Септември“. 

    Интервенциите, како што информираат, се изведени согласно најсовремените медицински протоколи, а пациентите се во стабилна постоперативна состојба. 

    ГОБ „8-ми Септември“ посочува дека обновувањето на службата претставува значаен чекор кон унапредување на здравствените услуги и обезбедување континуирана, современа и квалитетна неврохируршка здравствена заштита.

    Со повторното активирање на Неврохируршката служба, појаснуваат, пациентите ќе имаат пристап до дијагностика, оперативен третман и постоперативна грижа за широк спектар на неврохируршки состојби, вклучувајќи заболувања на мозокот, ’рбетниот столб и периферниот нервен систем.

    – Нашата цел е да обезбедиме безбедна, ефикасна и навремена здравствена услуга, со фокус на добросостојбата и квалитетот на живот на пациентите – велат од болницата.

    Истакнуваат дека повторното функционирање на Неврохируршката служба ќе придонесе за намалување на потребата од упатување на пациентите во други здравствени установи, како и за подобрување на достапноста на специјалистичка здравствена заштита во нашата средина. 

    Популарно

    Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – подгответе се за летно сметање на времето

    10.02.2026 во 11:12

    Се подготвувал за војна – Полицијата во шок по претрес во куќа во Макарска

    10.02.2026 во 11:02

    (ВИДЕО) Снимен моментот на силниот земјотрес во Тетово

    11.02.2026 во 11:20

    (ВИДЕО) „Се тресеше околу десет секунди“ – Први снимки од синоќешниот земјотрес, луѓе бегаат од зградите

    11.02.2026 во 09:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.