Пожар што избувна рано утрово во поранешниот погон на словенечката компанија за преработка на дрво Радомље, недалеку од Љубљана, предизвика огромна материјална штета, соопшти општина Домжале.

Пожарот е изгаснат неколку часа откако избувнал, но професионални и доброволни пожарникари сè уште се на лице место како мерка на претпазливост, јавува агенцијата СТА.

Пожарот зафатил повеќе од 2.000 квадратни метри магацински и производствени објекти во индустрискиот комплекс на поранешната компанија ЛИП Радомље, а во неговото гаснење учествувале повеќе од 150 припадници на разни служби и повеќе од 30 возила на противпожарната служба од општина Домжале и околните градови.

Локалните медиуми објавија дека пламените јазици зафатиле и дел од комплексот каде што биле паркирани половни автомобили.

Во тек е истрага за да се утврди причината за пожарот.

Exit mobile version