Голем пожар избувнал во близина на индустриската зона во Василево

Попладнево околу 16:30 часот избувнал голем пожар во близина на индустриската зона на Општина Василево, кој ги загрозил производствените погони, информираа вечерва од ТППЕ Струмица.

Според пожарникарите, огнот со голема брзина дошол до самите објекти и постоела голема опасност да ги зафати, посебно погонот за производство на био дизел.

-ТППЕ Струмица со четири против пожарни возила и 13 пожарникари-спасители веднаш интервенираше на местото и набргу потоа успеа пожарот да го стави под контрола и целосно да го ликвидира, стои во информацијата на струмичката против пожарна единица.

Додаваат дека екипи од пожарникари-спасители остануваат на локацијата за евентуалнио догасување на некои жаришта

23.08.2024 - 22:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега