Европската Унија и Црна Гора ја продолжија динамиката на преговорите со затворање на нови пет области, но од Брисел потсетуваат дека мониторингот продолжува.

Иако Црна Гора ги има отворено сите 33 преговарачки поглавја, Европскиот совет нагласува дека привременото затворање не значи крај. Унијата го задржува правото да се наврати на овие поглавја доколку се појави потреба, а ниту едно поглавје не се смета за конечно завршено додека не се постигне договор за сите.

„Следењето на усогласувањето со правото на ЕУ и неговата практична примена ќе продолжи во текот на целиот преговарачки процес“, велат од Советот.

Претходно, во јуни 2025 година, беше затворено поглавјето за јавни набавки. На последната конференција учествуваше и новата еврокомесарка за проширување, Марта Кос.

Exit mobile version