Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Гоцевски гостуваше во емисијата „Локални избори 2025 – изборни соочувања“ на МРТ, притоа ја истакна својата визија и идеи како да се подобри Делчево, да биде поубаво место за живеење, со проекти за решение на дивите депонии и решавање на проблемот со задолжувањето на општината од претходната власт.

-Мојата мотивација ќе ја преточам во конкретни проекти, ќе ја прекинеме оваа низа на два мандати на градоначалници на СДС, овие 4 години ќе работам во интерес на граѓаните на општина Делчево со нови проекти, Делчево е задолжена општина и задолжено Јавно комунално претпријатие, ќе работиме на сервисирање на големиот долг од мојот претходник, ќе го направиме Делчево поубаво место за живеење, истакна Гоцевски.

Кандидатот за градоначалник Гоцевски наведе дека ќе се насочи кон решавање на проблемот со дивите депонии, како и изнаоѓање решение за селективен отпад, потенцирајќи ја изградбата на регионалната депонија која ќе помогне да се исчистат и градските депонии.

-Нашиот основен мотив е справувањето со дивите депонии, во првите 100 дена од кога ќе бидам назначен за градоначалник нашата заложба ќе биде да ги исчистиме сите диви депонии, да најдеме решение во иднина за селективен отпад и нормално изнаоѓање на решение за нашата градска депонија, паралелно на ова сите знаеме дека е во тек изградбата на регионалната депонија, која ќе ни помогне да ги исчистиме и нашите градски депонии. Во однос на нашата градска депонија тоа што е запишано во програмата е дека ќе обезбедиме 24 часовен надзор на истата“, рече Гоцевски кој е кандидат за градоначалник на Делчево од ВМРО-ДПМНЕ чиј слоган е „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!.

Leave A Reply

Exit mobile version