Го вработи како возач, па се заљуби во него: Ова е новото момче на Ана Николиќ

Пејачката Ана Николиќ повторно е вљубена и има ново момче. Таа на Инстаграм сподели нивна заедничка фотографија на која и двајцата носат очила.

Како што дознаваат српските медиуми, станува збор за извесен Немања Ратковиќ, кој е разведен и има дете, а тој и Ана се на иста возраст.

Како што открил добро упатен извор, Ана го ангажирала Немања за возач, а потоа се заљубила во него.

-Ана неодамна го ангажираше Немања да и биде личен возач. Наскоро меѓу нив се роди симпатија и се разгоре љубовта. Тие се на иста возраст и имаат исти интереси, имаат слични погледи на животот и се поврзаа на почетокот. Немања како и Ана е разведен и има дете, открил тој извор.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

12.01.2024 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега