Во Општина Пробиштип денеска од 7 часот се отворени сите 45 избирачки места, а гласањето се одвива непречено, потврди претседателот на Општинската изборна комисија, Јорданчо Димитриев. Право на глас во општината имаат 12.251 избирач.

Вчера, пак, гласаа болни и изнемоштени лица. Од пријавените 263, своето право на глас го оствариле 255 лица, додека осум не можеле да гласаат поради различни причини – четворица заминале на болничко лекување, еден избирач починал, а тројца не ги нашле личните документи.

Во Затворот во Штип, вчера излезноста била над 50 проценти. Од 104 осудени лица на списокот, гласале 58, при што се опфатени избирачи од 23 општини.

Exit mobile version