Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гласајте до 27 септември и изберете каква промена сакате да поддржите преку „Иднина која инспирира“ на dm

    Гласајте до 27 септември и изберете каква промена сакате да поддржите преку „Иднина која инспирира“ на dm

    21.09.2026 во 14:234 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Почиста животна средина и повеќе млади кои активно се грижат за неа, запуштен простор претворен во зелено место за дружење или нови центри за учење, креативност и поврзување – три различни идеи, а изборот е во рацете на граѓаните. До 27 септември 2026 година, преку платформата „Иднина која инспирира“, тие можат да гласаат за еден од трите проекти што имаат можност да добијат дополнителна поддршка од dm drogerie markt. Својот глас граѓаните можат да го дадат на следниот линк.

    Во изборот не се само три проекти, туку три различни начини на кои една локална заедница може да стане подобро место за живеење. Со својот глас, граѓаните покажуваат каква промена сакаат дополнително да поддржат и на која идеја сакаат да ѝ дадат поголема можност да стане реалност.

    „Силата е во младите“, проект на Здружението за екологија, еколошка едукација и еколошка обединетост „За почиста Македонија“, го става фокусот на младите како активни учесници во грижата за животната средина. Проектот предвидува еколошки чистки и собири во скопските населби, во кои ќе бидат вклучени и деца, како и работилници и дискусии за одговорно однесување кон природата. Планирано е и создавање видео материјал за подигнување на јавната свест, а реализираните активности и нивниот ефект ќе бидат претставени и на завршен настан.

    Со „Природа што нè поврзува“, Центарот за регионален одржлив развој од Неготино сака запуштен и неискористен ридски простор да го преобрази во чисто, зелено и функционално место за одмор, рекреација и дружење. Преку еколошки и волонтерски акции ќе се расчистува и уредува теренот, ќе се садат дрвја, цвеќиња и други растенија, а ќе бидат поставени и клупи, корпи за отпад и други практични елементи. Предвидени се и креативни работилници со повторно употребени материјали, куќички за птици, еко-сесии и меѓугенерациско дружење, со цел просторот да стане трајно зелено катче што ќе го користат различни генерации од локалната заедница.

    Третата иницијатива, „Простор за раст – функционален центар создаден од граѓаните“ на Здружението за едукација, развој, јакнење и вмрежување „ЕДЕН ХАБ“ од Прилеп, предвидува мапирање, уредување и активирање недоволно искористени простори во Прилеп, Кривогаштани и неколку општини на територијата на Град Скопје. Со помош на локалните заедници и волонтерите, тие треба да прераснат во достапни и функционални центри отворени за граѓаните, со катчиња за учење и активности посветени на креативноста, практичните вештини, менталната благосостојба, активното граѓанство, заштитата на животната средина и меѓусебната поддршка. Проектот е замислен како одржлива иницијатива што ќе продолжи да живее и по завршувањето на почетната поддршка.

    Токму затоа, гласањето не е само избор меѓу три имиња. Еден глас може да значи поддршка за повеќе млади да станат дел од еколошки акции, можност еден запуштен простор да добие нов живот или поттик неискористени простори да се претворат во места за учење и заедништво. Со секој даден глас, граѓаните директно учествуваат во изборот на иницијативата што ќе добие дополнителна поддршка од dm.

    Гласањето е дел од пошироката иницијатива „Иднина која инспирира“, во рамките на која годинава беа пријавени вкупно 74 проекти. По стручното оценување, пет иницијативи веќе добија финансиска поддршка од dm во вкупна вредност од 2,9 милиони денари. Во стручното жири учествуваа Гоце Калинов од „Ретвитни оброк“, Далиборка Златева, претседател на „Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес“, Ико Брдаровски, менаџер за грижа на корисници во „Пакомак“, како и тројца претставници на dm.

    Меѓу петте веќе избрани проекти се „Охрид Еко 2027“ на Нуркачкиот центар „Амфора“, насочен кон подводни акции за отстранување отпад од Охридското Езеро; „Херои на солидарноста: Тегла Плус за нашата заедница“ на Здружението „Љубезност“, со фокус на поддршка на ранливите категории граѓани и поттикнување на солидарноста; „Поддршка блиску до тебе – Заедно до правата“ на Македонското здружение на млади правници, преку кој ќе се обезбедуваат бесплатни правни совети и практична помош за лица и семејства во социјален ризик; „Заедно сме шампиони – инклузија преку спорт“ на Специјална Олимпијада – Македонија, кој преку спортски активности ќе поврзува млади со и без интелектуална попреченост; како и „DM HUB – Центар за благосостојба и грижа ‘Грижа за себе. Грижа за другите. Грижа за заедницата.’“ на Центарот за истражувања и анализи НОВУС, со активности поврзани со менталното и репродуктивното здравје, еколошката одговорност, повторната употреба и волонтерството.

    Преку „Иднина која инспирира“, dm продолжува да ги поддржува идеите што можат да создадат конкретна и долгорочна вредност за заедницата, а со вклучувањето на граѓаните во изборот, им дава можност и тие активно да придонесат кон промената што сакаат да ја видат околу себе.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Ќерката на Цеца го покажа синчето – „Бесоните ноќи се тешки, но и посебни”

    06.10.2026 во 09:06

    Денес ништо нема да биде случајно: Хороскоп за 6 октомври

    06.10.2026 во 08:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.