Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски од Брисел: Македонија во ЕУ, но не по цена на најсветото

    Ѓорѓиевски од Брисел: Македонија во ЕУ, но не по цена на најсветото

    03.06.2026 во 22:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија во ЕУ, но не по цена на најсветото!

    ✔️ Голема чест и одговорност е да бидам копретседавач на Заедничкиот консултативен комитет во рамки на Европската Унија, пишува на фб градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

    🫡 Ова не e лична чест, туку и можност гласот на Македонија, гласот на нашите општини и на нашите граѓани, достоинствено да се слушне таму каде што се разговара за европската иднина.

    🫵 На седницата разговаравме за улогата на локалната власт во процесот на европска интеграција, за размена на искуства, за зајакнување на соработката меѓу општините и за реформите кои треба да донесат подобар живот за граѓаните.

    🇲🇰 Но, разговаравме и отворено за предизвиците.

    За кочниците на европскиот пат на Македонија.

    За неправдите кои нашата држава ги чувствува од соседна Бугарија.

    За условувањата кои не се дел од европските вредности и кои не смеат да бидат пречка за иднината на еден народ.

    Нашата позиција е јасна, цврста и достоинствена – Македонија сака да биде дел од Европската Унија, но не по цена на својот идентитет, јазик, историја и достоинство.

    Како што јасно порача и премиерот Христијан Мицкоски, нема отстапки од македонскиот идентитет по ниту една цена.

    🇪🇺 Европската интеграција останува стратешки приоритет на Македонија.

    Но, тоа мора да биде пат на принципи, почит и еднаквост. Пат на реформи, развој и европски стандарди, а не пат на уцени, негирања и понижувања.

    Општините имаат клучна улога во овој процес.

    Тие се најблиску до граѓаните, тие ги спроведуваат реформите на терен и тие се директни партнери во приближувањето на локалните стандарди кон европските.

    Ние ќе продолжиме да градиме европски општини, силни институции и достоинствена држава.

    Македонија има место во Европа.

    Но Македонија таму треба да влезе исправена, со крената глава и со зачуван македонски идентитет.

    Затоа што европската иднина има смисла само ако во неа влегуваме како Македонци, со своето име, својот јазик и своето достоинство, пишува градоначалникот на ФБ.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.