Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи информираше дека се третираат сите улици кои се под надлежност на Градот, со посебен фокус на критичните точки.

Ноќва, рамо до рамо со екипите на Град Скопје, на терен!, напиша Ѓорѓиевски.

„Ноќва сме присутни на сите клучни и критични точки, каде што екипите на зимската служба на град Скопје навремено интервенираат со посипување сол, со цел да се спречи замрзнување на коловозите поради ниските температури“, истакна градоначалникот.

Ѓорѓиевски посочи дека дополнително, се третираат и сите улици кои се под надлежност на Град Скопје.

„Остануваме на терен во текот на целата ноќ, со цел сообраќајот да биде безбеден и непречен.

Безбедноста на скопјани е наш приоритет – секогаш и без исклучок!“, вели Ѓорѓиевски.

Exit mobile version