Вчера во 13:50 часот во населба Домачки дол, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Т.А.(59) од Крива Паланка.
Претходно, тој со патничко возило „опел“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано возило. По извршен преглед е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,54 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
- ФОТО: Владата организираше ифтарска вечера
- Димитриеска-Кочоска: Состојбата со енергенсите во моментот е стабилна, ако има потреба ќе интервенираме
- ЗНАМ го усвои Акцискиот план за 2026 – започнува кампања под слоганот „Европски реформи, европски институции, европска Македонија“
- Меџити: САД остануваат стратешки партнер за зајакнување на институциите и развојот на земјата
- Захарова со предупредување: Секој Русин во Германија е под сомнение за шпионажа
- „Кога нафтата поскапува, Америка прави огромни пари“: Трамп со анализа за енергетскиот пазар
- Управата за јавни приходи со зајакнат пристап во управувањето со даночните долгови
- Четиригодишно дете тешко повредено – се судрија автобус и автомобил


